fbpx

Nissan Navara Off-Roader во завршна фаза

Јапонскиот Nissan поднесе барање за патент во агенцијата за интелектуална сопственост на Европската унија (ЕУИПО) за регистрирање на Navara Off-Roader

Тоа име ќе го добие екстремен пикап, како одговор на Ford Ranger Raptor.

Според информациите, името Nissan Navara Off-Roader е регистрирано во групата 12, Nice Classification 12, која вклучува „транспрттни средтва за земја, вода и воздух, како и компоненти на возилото”. Со овој потег, Nissan всушност ги потврдува гласините што се појавија пред една година дека се подготвува за екстремен пикап за Европа.

Navara Off-Roader

Досега нема други информации за идниот модел, но според Autoguide, ривалот на Ford Ranger Raptor ќе добие мотор од Mercedes-Benz X класа. Во овој случај, тоа е 3.0-литарски V6 дизел кој развива 258 КС и 550 Nm вртежен момент. Ако тоа е вистина, Nissan Navara Off-Roader ќе биде помоќен од Ranger Raptor, кој се потпира на 3,0-литарскиот со 213 КС и 500 Nm.

Navara Off-Roader

Nissan Navara Off-Roader

Претставниците на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi одбија да коментираат на темата, но јасно ставија до знаење дека нивната компанија има потенцијал да направи пристоен ривал на Ford Ranger Raptor. Француско-јапонската група е подготвена да создаде слична машина, бидејки за истата има завиден потрошувачки интерес.

Поврзани вести

Back to top button