НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Претставен новиот Mercedes-Benz GLC Coupѐ

Со нови нови мотори и технологија, германското луксузно купе сега доаѓа во уште подинамичен и елегантен изглед, за кој е заслужен македонскиот дизајнер Славче Таневски

Германскиот производител на луксузни автомобили ни го претстави освежувањето во својата гама, новиот Mercedes-Benz GLC Coupѐ. Како комбинација на најдобрите квалитети на SUV и купе, новиот GLC се карактеризира со посебна уникатност. Покрај надворешниот изглед, како дел од листата на новитети се вбројуваат новите погонски агрегати, а тука се и новите технолошки достигнувања.

Надворешниот стил на овој купе SUV се одликува со задржување на визуелниот идентитет на овој модел, но сепак во подинамична и поспортска варијанта, каде елеганцијата е главен елемент. Дизајнот е ремек дело на македонскиот дизајнер Славче Таневски, кој неодамна во Женева се претстави и со својата најнова креација, CLA Shooting Brake.

Mercedes-Benz GLC Coupѐ

Освежувањето во поглед на надворешноста се однесува на новото LED осветлување, имплементирано во предните и задните фарови, со чии контури овој Mercedes добива комплетно нов светлосен потпис. Доминантноста на предниот дел се одликува со зголемена присутност на спортските карактеристики, особено во предниот браник, кој сега е со нов и поагресивен изглед. На ова се надорзува и редизајнираната централна решетка, како и новите воздушни отвори. Изгледот на новиот Mercedes-Benz GLC Coupѐ е надополнет со новата палета на алуминиумски фелни, со спортски и елегантен дизајн.

Ентериерот е опремен со дигитализираната контролната табла, која исто така е дел од внатрешноста на GLC SUV и последната C класа. Големиот и едноделен конзолен панел елегантно се протега од централните воздушни отвори до потпирачот за раце. Мултифункционалниот дисплеј во централната конзола ја зголемува практичноста, додека последната генерација на инфозабавниот систем MBUX доаѓа со поголем екран на допир и широк спектар на опции за контрола. Магма сивата боја на ентериерот е сосема нова, која дава исклучително премиум чувство за квалитет.

Mercedes-Benz GLC Coupѐ

Како што веќе напоменавме, главен новитет кај освежениот Mercedes-Benz GLC Coupѐ е новата палета на мотори која исто така го придвижува и стандардниот GLC. Присутни се три изведби на 2,0 литарската дизел единица, која располага со моќност од 160 до 242 КС. Тука се и двата бензинци, односно 2,0 литарски мотори со 195 и 253 КС. Секако, дел од сите агрегати е и турбо полнач, како и погон на сите четири тркала, подржан од девет-степен автоматски менувач.

Најинтересниот дел кај бензинските мотори е 48 волниот електричен полнеж, кој има за цел стартувањето при старт-стоп да го направи помазно и да ги пополни заостанувањата на турбо полначот.Сепак, оваа опција не го прави моделот вистински хибрид.

Посакуватана AMG верзија се уште не е достапна, но се очекува моќните GLC43 и GLC63 да пристигнат малку подоцна, со V6 и V8 агрегати.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close