Новиот кросовер на Škodа ќе ја има својата премиера во февруари

Škodа уште минатиот месец официјално потврди дека на 5. февруари на саемот во Њу Делхи ќе го претстави својот нов концепт автомобил Vision IN SUV

Полека, но сигурно, Индија станува новата ветена земја за автомобилските производители. Кина веќе извесно време е „под опсада“ поради големиот апетит кон новите автомобили, додека компаниите истовремено се престројуваат и заземаат положба за освојување на втората најнаселена земја на светот.

Volkswagen е една од тие компании, а групацијата ја задолжи својата чешка филијала за работите на индискиот потконтинент и во Škodа не губат време кога станува збор за тие работи. За време на Auto Expo 2020 кој ќе се одржи следниот месец во Њу Делхи, чешкиот бренд ќе го претстави автомобилот кој е посебно креиран за локалниот пазар. Засега пристигнува во форма на концепт под името Vision IN, кој треба да го најави идниот кросовер на Škodа кој во текот на оваа година ќе се најде во производство.

Škodа веќе објави цртежи од ентериерот од Vision IN во 2019. година, а сега ги имаме и првите цртежи од надворешноста на автомобилот. Според сликите, Vision IN делува доволно агресивно да ги импресионира посетителите на манифестацијата во Њу Делхи, барем кога станува збор за предниот дел. Кај задниот дел, работите се малку поинакви. Новиот модел на Škodа ќе припаѓа на Ц-сегментот, а во голема мерка личи на веќе присутните модели на Škodа на пазарот.

Škodа

Škodа Vision IN со посебен фокус на индиските купувачи

Автомобилот ќе биде направен на MQB A0 платформата, ќе добие изглед инспириран од Škodа Kamiq, но креиран со посебен фокус на Индија и индиските купувачи. Сериската верзија на концептот ќе биде првата која ќе ја користи оваа архитектура, но нема да биде единствена, бидејќи таа ќе биде применета и на други модели на VW групацијата во иднина.

Во палетата на мотори ќе се најдат само бензинци, по се судејќи 1,0-литарски трицилиндричен турбо и 1,5-литарски четирицилиндричен турбо агрегат. На крајот, во понудата би можело да се најде и CNG верзија.

Според информациите, возилото ќе има должина од 4.260 милиметри и меѓуосовинско растојание од 2.651 милиметри, а ќе нуди и доста простор за патниците на задните седишта.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close