fbpx

Официјална премиера на новата Škoda Scala во Македонија

Во салонот на Škoda во Скопје, новиот чешки модел официјално дебитираше и пред македонската јавност

Новата Škoda Scala премиерно на светот му беше претставена во декември изминатата година, а денес своја промоција доживеа и пред македонската јавност. Благодарение на Порше Македонија, имавме можност одблизу за прв пат да се запознаеме со новиот член на семејството на Škoda, кој доаѓа со една цел, да го редефинира сегментот за компактен семеен автомобил.

Чешкиот хечбек инаку претставува замена за моделот Rapid, кој полека оди во историјата, при што Škoda во својата понуда ja позиционира Scala точно помеѓу Fabia и Octavia. Со новиот модел, брендот го докажува својот напредок и исчекор кон компактниот сегмент, а името „Scala“ го означува токму тоа.

Scala

Преку новиот модел, чесите поставуваат нови стандарди за безбедност кај своите возила, а доказ за ова е богатото ниво на сериска опрема, каде се вбројуваат безбедносните системи како радарот за автоматско сопирање при појава на препрека, системот за одржување на коловозна лента, системот за автоматска контрола на долгите светла, шест воздушни перничиња и многу друго.

Новата Scala се базира на модуларната MQB платформа, при што е изработена од високо-квалитетни челични материјали, кое доведува до дополнително зајакнување на каросериската структура и зголемување на нивото на безбедност. Благодарение на ваквата основа, Scala тежи само 1.240 килограми, при што располага со одлични возни карактеристики.

Во поглед на дизајнот, Scala е основана на концептот Vision RS, со што ја започнува ерата на новата дизајнерска еволуција на брендот. Динамични детали, тродимензионални форми, софистицирани и скулпторски форми се она што го дефинираат изгледот на овој хечбек. Внатрешноста се карактеризира со квалитетни и меки материјали, ергономичност и удобност, а она што е особено важно е дека Scala со својата пространост нуди навистина голем простор за патниците и нивниот багаж.

Scala

„Би сакал да истакнам дека Škoda Scala е најважниот модел за брендот Škoda на македонскиот пазар, затоа што нуди најголема вредност за вложените пари. Отсега и македонските купувачи ќе можат да добијат модерен, просторен, технолошки напреден и безбеден автомобил за цена далеку поприфатлива споредено со директните конкуренти во компакт класата“, изјави Миле Станчев, бренд менаџерот на Škoda.

За почеток, новата Scala кај нас ќе биде достапна со два турбо мотори, односно 1,0 литарскиот бензински мотор во изведба со 95 и 115 коњски сили и 1,6 литарскиот дизел мотор кој обезбедува моќност од 115 коњски сили. Нешто подоцна, поточно од октомври, достапна ќе биде и најмоќната верзија, односно 1,5 литарскиот турбо бензинец со моќност од 150 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button