Porsche го купува тимот на Red Bull во Formula 1

Според последните гласини Porsche планира да се врати во F1, но не како снабдувач на мотори, туку со свој сопствен тим

Според последните гласини Porsche планира да се врати во F1, но не како снабдувач на мотори, туку со свој сопствен тим. Претпоставките се дека германската компанија која веќе објави дека го напушта светскиот шампионат за издржливост Ле Ман и ќе го купи тимот на Red Bull.

тимотТоа треба да се случи пред почетокот на сезоната 2021, кога ќе стапат на сила новите правила за моторите во F1 и Porsche ќе може да дебитира со свој, поевтин мотор во споредба со оние кои сега се користат во светскиот шампионат. Сепак, никој не ја потврдил или негирал оваа информација. Во исто време се појавуваат се повеќе информации дека маркетинг стратегијата на Red Bull во F1 веќе се исцрпенa и компанијата на Дитрих Матешиц нема потреба да плаќа за буџетот на две екипи, за да учествува во светскиот шампионат. Red Bull најверојатно ќе остане спонзор на F1 ако го продаде својот тим на Porsche.

Според шпекулациите Кристијан Хорнер ќе остане на чело тима, а сеуште не се знае дали тоа ќе важи и за гуру на дизајнот во модерната Formula 1, Адријан Нуи.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close