Porsche со тизер ja најави премиерата на новиот 911 Targa (Видео)

Германскиот производител Porsche објави тизер видео со кое ја најави новата генерација на специфичниот кабриолет 911 Targa кој ќе пристигне на 18 мај

Porsche во ноември 2018 година на Салонот за автомобили во Лос Анџелес ја претстави новата генерација на моделот 911 (серија 992), во Coupe издание. Кон почетокот на 2019 година пристигна и 911 Cabrio со склоплив мек покрив кој се отвара и затвора за 12 секунди при брзина од 50 километри на час. На крајот, пред неколку месеци јавноста имаше чест да се запознае и со новиот 911 Turbo S.

Но, Porsche не застанува тука, бидејќи наскоро својата промоција ќе ја има и новиот модел 911 Targa. Како најава за овој модел, германскиот производител објави тизер видео во кое се најавува промоцијата за 18 мај. Пандемијата на коронавирусот влијаеше врз голем број производители да ги одложат своите премиери на новите модели. Меѓу нив е и Porsche кој беше принуден дури два пати да ја поместува премиерата на моделот 911 Targa. Автомобилот требаше да се појави пред јавноста во април, на Салонот во Пекинг. Но, оваа манифестација поради епидемијата во Кина беше одложена за септември. Вториот план беше 911 Targa да ја доживее премиерата на традиционалниот WTA тениски турнир во Штутгарт. Сепак, и тој беше откажан поради коронавирусот. На крајот од Porsche одлучија да не чекаат повеќе. Со тоа новиот 911 Targa својата премиера ќе ја доживее преку дигитален пат во понеделник на 18 мај.

Исто како и кај 911 Cabrio моделот, така и кај 911 Targa може да се очекува 3,0-литарскиот шестцилиндерски мотор. Овој агрегат развива 385 КС и 450 Nm односно 450 КС и 530 Nm во помоќната S варијанта која пристигнува со осумстепен менувач со двојна спојка. Исто така, со овој модел ќе биде достапен и погонот на сите четири тркала.

Porsche 911 Targa има должина од 4.519 милиметри, широк е 1.852, а меѓуосовинското растојание изнесува 2.450 милиметри. Автомобилот ќе биде поставен на тркала од 20 и 21 инчи, а дел од опремата ќе вклучува и голем број на активни безбедносни системи.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close