Subaru е „најмашки” бренд во Русија

Експерти за рускиот пазар на автомобили ги рангираа „најмашките" и „најже женските" брендови во земјата, и верувале или не... следуваат интересни резултати?!

Aнкетата, спроведена од аналитичката агенција „Автостат” обработува најголем процент на сопственици, поодделно по пол за секој бренд. Според анализите излегува дека со најголем дел од сопствениците од машки пол можат да се пофалат од брендот Subaru. Резултатите покажуваат дека 95,1% од носителите на модели на јапонската компанија се мажи и едвај 4,9% – жени. Значи Subaru  може да се нарече „најмашки” автомобилски бренд во Русија.  На второ место е Јеер со 94,6%, а на трето Toyota со 94,2%. Во Топ 10 на листата на „најмашките” брендови се следниве. Infiniti со 93,4%, Honda – 92,9%, УАЗ – 92,4%, Lexus – 92,2%, Mitsubishi – 92%, Mercedes-Benz – 91,4% и Volvo – 91,3%.

Во текот на истражувањето се обработени над 180.000   учесници, на возраст меѓу 18 и 65 година. Истражувањата се спроведени во периодот 2015-2018 година, а се земени предвид само оние марки на автомобили за кои најмалку 300 анкетираните навеле дека се нивни сосптвеници.

Бројот на мажите кои се вклучени во студијата, значително го надминува оној на жените. Неверојатно, ама најпопуларен кај Русинките,  е кинескиот бренд Chery, со 22,1% женски сопственици и 77,9% мажи. Во 10 кај понежниот пол се Daewoo – 19,5%, Datsun – 17,4%, Lifan – 17,2%, Peugeot – 16,6%, Citroen – 15,3%, Suzuki – 14,4%, Geely – 14%, Hyundai – 13% и Opel – 12%.

subaru

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close