Tesla, Porsche, Audi и VW со раст на продажбата во Германија

Tesla, Porsche, Audi и VW се меѓу брендовите кои забележаа најголем раст на продажбата во Германија во ноември откако севкупната продажба се искачи за 9,7 проценти до 299.127 возила

Регистрациите на Porsche пораснаа за 159 проценти, продажбата на Audi се искачи за 41 процент, а обемот на Volkswagen се зголеми за 27 проценти. Со ова се забележува раст на продажбата кај брендовите, кои се враќаат по падот во есента минатата година, кога новите WLTP стандарди за тестирање предизвикаа проблеми во испораката.

Исто така, меѓу оние кои забележаа најголем раст е и Tesla чија продажба се зголемила за 130 проценти, најмногу поради големата побарувачка за нивниот Model 3.

Smart доби 60 проценти раст на продажбата, додека продажбите на Alfa Romeo скокнаa за 40 проценти, а регистрациите на Peugeot скокнаа за 27 проценти.

Германските премиум брендови Mercedes-Benz и BMW добија 7,5, однонсно 1,6 проценти раст. Регистрациите на Ford се искачија за 1,9 проценти.

Меѓу брендовите кои забележаа пад во продажбата се Suzuki, кој падна за 36 проценти, потоа Honda која забележа пад од 20 проценти, Mini има забележано пад од 19 проценти, како и Opel, чија продажба опадна за 17 отсто.

Продажбата на автомобили со бензински погон се зголеми за 5,9 проценти, со што се дојде до 57,9 проценти од уделот на пазарот, додека автомобилите со дизел мотори забележаа раст од 1,9 проценти, односно имаат удел на пазарот со 31,6 проценти.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close