fbpx

Тест DFSK Glory 580: Полн со изненадувања

Како надополување на најактуелниот сегмент во светот, директно од Кина, новиот SUV на DFSK доаѓа со една цел, да ги задоволи барањата на сечиј животен стил. Во однос на тоа колку потенцијал има Glory 580 на македонскиот пазар во SUV сегментот останува само да видиме

zlatno trkalo finalist

За прв пат претставен во 2016 година, Glory 580 веднаш се закити со неколку награди за најдобар SUV во Кина, а за помалку од две години, DFSK успеа да продаде повеќе од 400.000 примероци од својот нов модел. По глобални стандарди за квалитет, произведен со позадина од три години посветени на истражување и развој и главен фокус на домашниот и индонезискиот пазар, првиот SUV модел на кинескиот бренд неодамна пристигна и кај нас. Со неверојатно позитивни критики и пофалби од страна на азиските критичари, медиуми и потрошувачи, дојде време да видиме како Glory 580 ќе се покаже на европското тло и како на него ќе реагира македонската публика.

Смел и спортски дизајн

Во пакување од 4.680 мм во должина, 1.845 мм ширина и 1.715 мм во висина, Glory 580 претставува голем и компакен SUV, кој со своето меѓуоскино растојание од 2.780 мм овозможува високо ниво на пространост и удобност. Надворешниот дизајн е еден од главните фактори кои го прават овој SUV навистина привлечен, а одличен доказ за тоа се украдените погледи на случајните минувачите, кои без срам ги собираше со секое појавување на градските улици.

Спортската силуета, пропратена од услогласеноста на предниот и задниот дел, го прават овој автомобил да изгледа „кул“ во урбаните средини. Предниот дел на автомобилот го карактеризира големата хромирана решетка, со модерен хоризонтален линиски дизајн, која пак е одлично надополнета со текот на LED лентата имплементирана во светлосните уреди, која ја носи функцијата на дневно светло.

Надворешност 1/3 |  
Надворешност 2/3 | DFSK Glory 580
Надворешност 3/3 | DFSK Glory 580

    На задната страна се чувствува присуството на европскиот стил, каде впечатокот за луксуз произлегува од хромираниот слој поставен на задната врата. Начинот кој тој ги поврзува задните светла, малку не потсеќа на дизајнот на првата генерација на францускиот Renault Koleos, но сепак во малку помодерно издание.

    Минималистичка стилска кабина

    Повторно, нијанси на луксуз како кај европските автомобили. Ќе бидете пречекани од полу-кожни седишта со странична потпора, која помага во одржување на позицијата на телото при упраување во остри свиоци. Она што може да се забележи е напорот да се одржи минималистичкиот изглед, постигнат со поставување на само неколку команди за регулирање на клима уредот.

    Централната конзола е изработена од малку покрута пластика, чиј квалитет целосно соодветствува на цената на овој автомобил. Во средината на конзолата, поставен е 10-инчен LCD екран со можност за поврзување на интернет, кој гарантира задоволување на потребите за забава и навигација во текот на возењето. Овој екран исто така се користи и за прикажување на погледот од задната камера на автомобилот, што е многу корисно при паркирање.

    Интересна е понудата на предна камера за снимање на ситуации на патот пред вас, која е сместена во централниот ретровизор. Понудена е Bluetooth опцијата за поврзување со мобилните уреди, а тука се и AUX и USB приклучоците. Управувачот доаѓа во мултифункционално издание, обложено со кожа, кое одлично се вклопува во внатрешниот стил на автомобилот. Инструмент таблата е сеуште монохроматска, каде прикажани се најпотребните информации за возилото, како просечната потрошувачка на гориво, изминатиот пат, притисокот на воздухот во пневматиците и друго.

    Сепак, како една од најитересните опции кај овој SUV е присутноста на сончевиот покрив, кој го надополнува возачкото искуство. Со оглед на пакувањето, односно димензиите и меѓуоскиното растојание на Glory 580, просторот кај задната клупа е и повеќе од доволен за да обезбеди удобно патување на три патника. Она со што се издвојува во внатрешноста е присуството на третата клупа, која нуди дополнителни две седишта. Ова го прави одличен избор на SUV со седум седишта, кој овозможува флексибилност, удобност, модерни карактеристики и перформанси во кабината.

    Енергичен погон и напредна технологија

    Тестираниот примерок беше опремен со Luxury CVT нивото на опременост, што подразбира модел дополнително опремен со електронска рачна сопирачка, PEPS систем кој овозможува влез без клуч и старт/стоп систем на палење, темпомат и греачи на ретровизори. Дополнително, CVT трансмисијата, кај овој модел функционира меко и без голема бука доколку не ја “газите“ педалата за гас. Што се однесува до погонскиот агрегат, Glory 580 на македонскиот пазар е достапен само со 1,5 литарскиот турбо бензински мотор, кој испорачува моќност од 146 коњски сили и вртежен момент од 220 Nm.

    Внатрешност 1/5 | DFSK Glory 580
    Внатрешност 2/5 | DFSK Glory 580
    Внатрешност 3/5|
    Внатрешност 4/5 | 
    Внатрешност 5/5 | DFSK Glory 580

      Изборот е овозможен во поглед на менувачот, па така достапен е шест степениот рачен и континуиран варијабилен менувач. Понудените перформанси се сосем доволни за придвижување на еден ваков SUV модел, каде турбо полначот беспрекорно си ја врши својата работа. Удобноста е помеѓу водечките адути на овој модел, што е особено изразена при движење по патни нерамнини. Ова го заклучивме по краткото тест возење до Галичник, каде едноставно не постоеше препрека која неможеше да биде совладана. Она што малку потфрли беше управливоста при поголеми брзини, особено во свиоци, која бараше малку повеќе внимание од возачот. Сепак, се работи за SUV модел, кој не е конструиран и наменет за ваква задачи.

      Балансот помеѓу пространоста и моќноста е главен адут на Glory 580, кој исто така може да се пофали и со високото ниво на удобност кое е дополнето со исклучително поволна цена што треба да овозможи пристап до поголем круг на потрошувачи.

      Цената на тестираниот примерок изнесува 16.990 евра.

      Технички податоци за DFSK Glory 580 1.5T 146 КС Luxury CVT

      мотор Euro VI, бензин, четиритактен, четирицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
      работна зафатнина 1.499 см3
      максимална моќ 146 KС (107 kW) при 5.600 min/-1
      макс. вртежен момент 220 Nm при 4.000 min-1
      трансмисија континуирана варијабилна трансмисија
      потпирање напред MacPherson независен систем, позади торзионо флексибилен носач
      сопирачки предни и задни диск сопирачки
      пневматици 225/60 R17 (напред),  225/60 R17 (позади)
      каросерија SUV со пет врати, седум седишта
      должина х ширина х висина 4.680 x 1.845 x 1.715 мм
      меѓуоскино растојание 2.780 мм
      траги (напред/назад) 1.570/1.572 мм
      тежина 1.510 кг
      максимална тежина 2.035 кг
      багажен капацитет 375 литри, 2.215 литри со преклопени задни клупи
      резервоар 58 литри
      максимална брзина 180 км/ч
      забрзување 0-100 km/h 12,8 секунди
      потрошувачка (отворен пат/град/просек) 8/10,5/9.7 литри
      емисија на CO2 222 гр/км

       

      DFSK Glory 580 во Македонија

      DFSK Glory 580 Comfort 1.5T 146 КС 13.990 евра
      DFSK Glory 580 Luxury 1.5T 146 КС 14.990 евра
      DFSK Glory 580 Comfort 1.5T 146 КС CVT 15.990 евра
      DFSK Glory 580 Luxury 1.5T 146 КС CVT 16.990 евра

      Повеќе информации во ABC Brother или на тел. (02) 2617 191.

       

      Конкуренти

      Kia Sportage oд 16.950 до 25.450 евра
      Peugeot 5008 oд 25.490 до 44.070 евра
      Citroen C5 Aircross од 19.990 до 27.690 евра


      Погледнете ја нашата галерија:

      Поврзани вести

      Back to top button