fbpx

Total и Citroën одбележуваат половина век партнерство

Историјата на соработката меѓу Total и Citroën започнува уште во 1968 година Оваа успешна приказна исполнета со иновативност и спортска страст, им донесе голем број достигнувања на двете компании, како на комерцијален и на натпреварувачки план, што придонесе за голема меѓународна слава.

Од самиот почеток на партнерството во 1968 година, Total го поддржува индустрискиот развој на Citroën на пет континенти, доставувајќи богата гама масла и мазива за автомобилите. Со текот на децениите, двете групи заедно создадоа масла, приспособени кон моторите на Citroën, за да ги направи уште поекономично и поеколошки. Заштитата на животната средина е главна цел за Total и Citroën.

Партнерите се обврзаа да ги намалат драстично штетните влијанија на понудените од нив производи врз животната средина, главно преку намалување на емисиите на CO2. Тимовите за истражување и развој работат заедно за да креираат конкретни и приспособени решенија. Во денешно време, израз на овие напори е создавање на TOTAL QUARTZ INEO FIRST 0W-20, еколошки синтетички масло, кое овозможува да се намали потрошувачката на гориво до 4% .

Total и Citroën партнерството исто така се базира на натпреварувачкиот дух и настојувањето за извонредност. Моќта на партнерството меѓу Citroën и Total во областа на автомобилскиот спорт започна на Релито Мароко во 1969 година, кога Citroën го означи почетокот на долгата листа на добиени награди со Citroën DS21 и најави вистинака епопеја во рели шампионатите, со остварени 36 победи и 5 титули кај конструкторите на Светско првенство во ФИА. Следува неверојатна серија од успеси меѓу 2003 и 2012 година со 8 титули кај конструкторите и 9 титули кај пилотите на Светскиот Рели Шампионат (WRC).

Total и Citroën

 

Во 2014 година, Citroën и Total решаваат да се „пробаат“ во шампионатот WTCC, каде се освоени 3 титули кај конструкторите, 3 титули кај пилотите и 50 победи.

Нашите две фирми се се секогаш подготвени да се справат со предизвиците, без разлика дали тие се еколошки, технолошки или спортски. Патот кој веќе го поминавме заедно ни овозможи да споделиме еден дух на стремеж кон совршеност и иновативност, во чиј фокусот е секогаш клиентот.

За време на овие плодни години, Total и Citroën отсекогаш биле во можност да најдат одржливи решенија со текот на времето, потенцира Матео Сула, директор на Total Lubrifiants кажува:-Веќе 50 години ние одиме рамо до рамо и можеме да бидеме горди на макотрпната работа на нашите екипи, кои придонесоа исклучително многу за постигнување на сите врвни успеси и остварувања, истакна од своја страна, Линда Џексон, генерален директор.

Поврзани вести

Back to top button