Volkswagen со раст од 6,3% на глобално ниво
Volkswagen објави дека марката забележа раст од 6,3% во продажбата на глобално ниво во првата половина на годината, а вкупната реализација на компанијата достигна ниво од 3.118 700 возила. Само во јуни, резултатот е подобар за 4.2%, или 534.000 единици, во споредба со истиот месец лани.
Според податоците на Volkswagen, продажбата на возила забележува раст во секој еден од главните региони во светот. Единствен исклучок е Северна Америка, каде регистрирано намалувања, за јуни -4.8%, а за првото полугодие -0.7%. Во Европа, производите на Volkswagen забележале позитива во пласманот за 8.7%.( 967.000 единици во првата половина на годината) Во Бразил растот е 29%, односно пласирани 145.900, а во Кина 6,3%, поточно 1.483.200 единици.
Од брендот потенцираат дека сепак регистрирале намалување во побарувачката за своите производи на најголемиот пазар во јуни, во Кина, за 1,7 отсто, односно 228.500 единици.