ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Volvo со рекордна добивка за вториот квартал од 2018

Volvo Cars евидентира рекордна оперативна добивка од 4.2 милијарди шврдки круни (4,2 милиони евра) за второто тримесечје од 2018 година. Ова е највисок оперативен профит на компанијата досега, која бележи раст од 28,6% во споредба со истиот период минатата година.

Приходите на компанијата во вториот квартал на 2018 година се зголемија за 26.9% на 66 милијарди шведски круни, додека продажбата се зголемила за 14.6%, односно 170 232 возила. За првите шест месеци на 2018 година Volvo Cars предвид оперативен профит од 7,8 милијарди шведски круни, што претставува зголемување од 15,7% во споредба со истиот период минатата година и највисока добивка. Приходите во првото полугодие на 2018 година се зголемија за 23,6% до 122,9 милијарди шведски круни, благодарене на најуспешните шест месеци за компанијата, со 317.639 продадени автомобили глобално, што е за 14,4% повеќе во споредба со првата половина на 2017 година.

XC60 стана апсолутен бестселер на брендот, со двојно повеќе продажба во споредба со минатата година и речиси 10% зголемување на пазарниот удел во сегментот. Целосно новата ХС40 исто така, истакна успешен старт на продажбата и неколку месеци по премиерата.

-Овие резултати покажуваат дека Volvo ја зацврсти својата позиција во еден нов период на одржлив глобален раст, изјави Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars.-Очекуваме 2018 да биде уште една година на рекордни профити, бидејќи ние се стремиме да станеме уште помобилен оператор во рамките на нашата нова визија.volvo

Неодамна Volvo Cars објави новите амбиции за наредните години, нагласувајќи тековниот процес на трансформација од производител на автомобили кон давател на услуги. Стремежот на Volvo е да се позиционира како водечка фигура во светскиот автомобилски бизнис. На долг рок амбиција на компанијата е да генерира половина продажба од електрични автомобили, една третина од сите продадени автомобили да бидат автономни и да обезбедува на клиентите преку претплата на услуги половина од сите автомобили кои нудат. Целта на Volvo е да изгради вкупно над 5 милиони директни кориснички односи до средината на следната деценија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close