МАКЕДОНИЈА

Блесок на новата Opel Insignia крај Вардар

Во пријатна атмосфера, во присуство на голем број поканети гости, Оpel Македонија ја претстави новата Opel Insignia во хотел Парк & Спа - ресторан FOUR.

Во пријатна атмосфера, во присуство на голем број поканети гости, Оpel Македонија ја претстави новата Opel Insignia во хотел Парк & Спа – ресторан FOUR.

На националната премиера пред присутните, беа откриени иновациите и врвните перформансите кои ги поседува овој автомобил, а беа претставени и новите димензии кои ги подигнуваат стандардите. Софистицирана во секој поглед, со најнова напредна германска технологија, луксузна удобност и вип третман ја прават Insignia совршен сопатник. Уште попривлечна од нејзините претходници, префинета, елегантна и возбудлива за возење, новата Insignia е фантастично остварување на Опеловиот тим, лидер во својата категорија кој ги задоволува сите критериуми и очекувања. Дека Новата Insignia е лидер во сегментот, ни откри и Директорот на претставништвото на Opel за Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Албанија, Драган Ненадовиќ, кои ги претстави сите детали кои го издвојуваат овој ексклузивен автомобил.

Официјално дебитира во две верзии, Insignia Grand Sport и Insignia Sports Tourer. Со нов и елегантно-динамичен дизајн со лидерски индикатори во однос на аеродинамиката (Cd 0.26), возилото е за цели 175 килограми полесно од својот претходник. Исто така и за речиси три сантиметри понизок, а со 11mm поширок. Дел од главните моменти кај Insignia Grand Sport се новиот систем за погон на четири тркала и осумстепената роботизирана трансмисија, потоа новата генерација на иновативните IntelliLux Matrix LED светла со 32 одделни диоди, IntelliLink информативен систем, адаптивна суспензија FlexRide, луксузни AGR ергономски седишта, како и проширената понуда на ОnStar системот. Новата Insignia Sports Tourer исто така доаѓа со целосно изменет дизајн на екстериерот и ентериерот, зајакната со цели 100 литри товарен простор, можност за нарачка на верзии со систем за погон на сите четири тркала, како и богат сет системи за активна и пасивна безбедност. Германците се горди и на новата Opel Exclusive програма која ќе им овозможи на купувачите да ја персонализираат својата Insignia со уникатна боја. Новата Insignia нуди квалитети, како забава при возењето, прецизност и удобност со супериорна изработка и ние сме почестени што имавме можност да и ја претставиме на македонската јавност, истакна Ненадовиќ.

Кулминацијата на вечерта беше предпремиерното претставување на Crossland X како изненадување на вечерта. Моделот пристига на местото на ванот Meriva и е прв модел што Opel го претставува како резултат од соработката со францускиот PSA. Освен базата која Crossland X ја дели со идната генерација на Peugeot 2008, многу поединост има и во моторите. Трицилиндарските бензинци потекнуваат од актуелната понуда на француската марка, а врв во бензинската понуда е 1.2 Turbo во верзија со 130 КС Дизелите исто така потекнуваат од регалот на PSA. На располагање стојат 1.6 Diesel со 99 КС и 120 КС и 300 Nm. Ознаката CDTI повеќе не се користи, исто како и ознаката Ecoflex за најштедливите изведби. Место тоа следува веројатно Turbo D, односно Ecotec.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker