fbpx

Извонредни агрегатски новитети од Нonda

Од централата на Honda официјално се потврдени информациите за горивната ефикасност и содржината на CO2 во издувните гасови на двата нови мотори во гамите на Civic и Jazz - 1,6 i-DTEC и 1.5 i-VTEC

Дизел верзијата на Civic импресионира со индикаторите – 3,5 l/100 km при NEDC тест (Европски лабораториски метод). Значителни подобрувања на 1.6 i-DTEC моторот со макс. моќност 120 КС, се намалувањето на триењето во цилиндарот до одлична комбинација на динамика и економичност. Во комбиниран циклус, независно од опремата, новиот Civic 1.6 i-DTEC постигнува ниво на емисии на CO2 од 93 g/km.

DTEC

Honda Jazz 2018 со новиот бензински мотор i-VTEC со моќност од 130 КС одговара на побарувачката за помоќни и економични агрегати од клиентите.

Моторот комбинира одлична динамика со ниска потрошувачка и строго одговара на стандардите за емисија Euro 6. Комбиниран со автоматската трансмисија CVT, троши 5,4 l/100 km и испушта 124 g/km CO2. Менувачот исто така е повторно регулиран за да обезбеди побрзо забрзување. Со новиот мотор и промените во дизајнот ова лето, Honda Jazz, е меѓу најбараните модели на Honda.

Меѓу најзначајните новини се модификацијата на фаровите и решетката на ладилникот, изведен во новиот стил на компанијата, наречен Solid Wing Face. Бензинскиот мотор 1.5 i-VTEC доаѓа со новото за Jazz ниво на опрема Dynamic, што се одликува со тенок сплитер под долниот дел на решетките и нова декоративна задна престилка под браникот.

Поврзани вести

Back to top button