fbpx

Париз 2018: Втората генерација на GAC GS5 на платформа од Alfa

GAC е меѓу ретките кинески компании кои се најдоа на овогодинешниот саем за автомобили во Париз. Тие оваа манифестација ја искористија да ја покажат втората генерација на СУВ изведбата GAC GS5 која е поставена на платформа од Alfa

GAC Group е државна компанија која е основана 1997 година и која од самиот почеток е во
соработка со гиганти како Honda и Toyota. За само 13 години GAC Group успеа да стане шести
најголем поризводител на автомобили во Кина. Во 2010 година компанијата станува приватна
и постигнува договор со Fiat Automobiles за која ги произведува моделите за кинескиот
пазар.

Првата генерација на фамилијарниот SUV модел е претставена пред шест години, а по
претставување на втората генерација во Парис, јасно е дека GAC сака да го освои и Европскиот
пазар. Моделот е со должина од 4.695 mm, меѓуоскиното растојание е 2.710 mm, а поставен е
на платформа од Alfa 166. Досега автомобилот се нудеше со два бензински мотори, односно
2.0 twinspark со 147 коњски сили и 1.8 литарскиот турбо агрегат со 177 КС. Кај новата
генерација достапен е и новиот мотор, бензинец со 1.5 литари мотор со 152 или 169 коњски сили,
комбиниран со шест степениот автоматски менувач од Aisin.

GAC GS5

Цената за Европскиот пазар секако е непозната. Но, убаво е да се знае дека претходната
генерација со 2.0 литарски агрегат чинела околу 15.000 евра. Од ова се очекува дека новината
ќе чини нешто повеќе, но секако оправдувањето е и збогатената опрема.

 

Поврзани вести

Back to top button