fbpx

СЕЅ 2018: Електричниот Kia Niro ЕV „разговара” со пешаците

Кia го претстави електричниот кросовер на Niro ЕV на CES 2018 во Лас Вегас

Претстојната верзија на кросверот ќе биде достапна кон крајот на оваа година. Во возилото класичната предна решетка е заменета со дисплеј, кој ги препознава пешаците и по потреба може да комуницира со нив. Како дел од оваа стратегија, Kia го демонстрира својот прототип Niro EV на CES 2018. Во комбинација од стилски дизајн, модерен компактен SUV и висока ефикасност на електричниот мотор со батерија, концептниот модел Niro EV го трасира патот кон идната електрификација на брендот.

Niro ЕV

Kia Niro ЕV

Новиот систем за предупредување за активни пешаци (APWS) вклучува предни камери, технологија за препознавање предмети и предни звучници. При препознавање на пешаци или велосипедист пред возилото, звучниците даваат предупредувачки сигнал, наменет директно кон регистрираниот од системот  човек. APWS е поврзана со интерактивен систем за осветлување на Niro EV, која му обезбедува на возачот и на пешаците силно интуитивна, визуелна комуникација со возилото.

Niro ЕV

Kia Niro ЕV

Концептот на Niro EV е напојуван од електричен мотор од новата генерација кој користи модерна технологија на производство. Наскоро ќе се потпираат на новите Kia електрични возила во блиска иднина. Моќта доаѓа од 64 kWh литиум- полимерна батерија во комбинација со електричен мотор од 150 kW. Концептниот Niro EV има автономија од 383 километри со едно полнење.

Поврзани вести

Back to top button