Париз 2018: Renault EZ-ULTIMO престижниот роботен салон
Со претставувањето на EZ-ULTIMO - третиот футуристички концептуален развој со акцент на автономното движење, електричниот погон и поврзувањето, Renault овозможува да ѕирнете во една не толку далечна иднина, во која луксузниот автоматизиран транспорт е домен на секој клиент.
Renault EZ-ULTIMO претставува превозно средство со основна идеја за највисок комфор и луксуз за време на патувањето. Футуристичкиот автономен автомобил е достапен како за еднократни патувања и бизнис состаноци, така и за целодневно. Би бил наменет за оние корисници кои сакаат да го направат престојот на превозното средство значајно и незаборавно.
„Се повеќе од тоа што луѓето уживаат во заедничко патување и фактот што се повеќе сакаат да бидат возени, се раѓа идеата за ваков тип на превоз“. Рече Лоранс ван дер Акер, шеф-дизајнер на автомобилскиот гигант.
„Моделот ја одсликува револуцијата, EZ-ULTIMO нуди уникатно луксузно искуство кое може да биде адаптирано во зависност од желбите на сопственикот.
Инспириран од модерната архитектура и целосно интегриран во идните паметни градови, EZ-ULTIMO ќе понуди ексклузивно искуство за сите. Со автономните, електричните и сродните возила, влегуваме во нова и возбудлива ера на автомобилскиот дизајн“, додаде тој.
Со исклучително нестандардна изведба на каросеријата, со вратите кои се отвораат вертикално и хоризонтално, ентериер исполнет со луксуз, каде седишта се ротираат, RENAULT EZ-ULTIMO располага со систем за автономно управување од четвртото ниво, каде без разлика на командите на возачот, возилото ќе реагира правилно.