fbpx

2020 Audi Q3 Sportback дебитира со спортски изглед

Audi подоцна навлезе во кросовер-купе играта, а со новиот Audi Q3 Sportback тие се стремат за достигнување на водечките позиции

Врз основа на стандардниот Q3, Sportback варијантата има поспортски изглед, бидејќи прифаќа црна решетка и трапезоидни воздушни отвори. Кросоверот исто така има скулптурна хауба, а понудени се и опционалните матрични LED фарови.

Спортскиот карактер продолжува понатаму, со издлабена каросерија, спротивно на течените линии над сводовите на тркалата. Секако, најголемите промени се во покривната линија, која допринесува кон подинамичен изглед на моделот, а Audi вели дека ова исто така му помага на купето да изгледа подолго од стандардниот Q3.

Стилот е задржан и во задниот дел, каде Q3 Sportback добива пластично обложување, робусен заден браник со интегриран дифузер и скриена издувна цевка. Задните фарови се со препознатливиот LED дизајн, а присутен е и спојлер поставен на петтата врата.

Кабината во голема мера се пренесува од Q3, каде возачите ќе го најдат 10,25-инчниот дигитален инструмент кластер и 10,1-инчниот инфозабавен систем, опкружен со црни акценти. Кросоверот, исто така доаѓа со управувач со рамно дно и метални завршетоци. Достапен ќе биде поширок асортиман на опции, вклучувајќи и 12,3-инчен дигитален инструмент кластер, спортски седишта со контрастно шиење, седишта со греачи и систем за амбиентално осветлување со 30 изборни бои.

Во Европа, моделот ќе биде лансиран со два различни мотори. Q3 Sportback 35 TDI S tronic располага со 2,0 литарски четири-цилиндарски дизел мотор кој развива 148 коњски сили и вртежен момент од 340 Nm. Тој е поврзан со седум-степен пренос со двојна спојка, кој ја испраќа моќноста до предните тркала. Ова подесување овозможува кросоверот да забрзува од 0 до 100 km/h за 9,3 секунди, пред да достигне максимална брзина од 205 km/h.

Audi Q3 Sportback

Клиентите исто така можат да се одлучат за Q3 Sportback 45 TFSI quattro s-tronic кој доаѓа со 2,0 литарски бензински мотор со турбо полнач и обезбедува моќност од 227 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Тој исто така доаѓа со седум-степен пренос со двојна спојка, но е поврзан со Quattro системот за погон на сите тркала. Благодарение на дополнителната моќност, времето за достигнување на 100 km/h паѓа на 6,5 секунди, додека максималната брзина се зголемува до 233 km/h. Кратко по лансирањето, Audi ќе понуди верзија со рачен менувач и погон на сите тркала, а исто така ќе следат и дополнителни мотори, вклучувајќи повеќе бензински и помоќна дизел варијанта.

Новиот Audi Q3 Sportback на европскиот пазар ќе се појави оваа есен, а за да помогне во промоцијата на моделот, компанијата ќе понуди две специјални изданија наречени Edition One Dew Silver и Edition One Mythos Black.

Поврзани вести

Back to top button