fbpx

3D печатењето ќе го измени од корен автомобилскиот свет?

Автомобилите одат многу далеку пред нивната иднина. Но, патот до вистински „чисти“ автомобили останува долг

Така сметаат експертите на компанијата Divergent Microfactories. Пред автомобилската индустрија е голем предизвик, односно преминот од примената на двата агрегати на автомобилите на фосилни горива кон оние на алтернативни извори на енергија, како акумулаторите и горивните ќелии. Но, тоа е само чекор понатаму, а самото производство останува толку „валкано” колку што си било и досега.

Според нив, иднината на чисто производство во иднина ќе биде вкоренето во фразата „3D печатење на автомобили”.

Со седиште во Калифорнија, компанијата Divergent Blade е основана од Кевин Цингер, творец и на компанијата Coda Automotive, фокусирана на зачувување на енергија за комерцијална и индустриска употреба, која може да се користи од транспортни средства по патиштата на сојузната држава.

Сега вниманието на Цингер е насочено од патиштата кон самото производство и неговиот тим се стреми да понуди нов, чист и енергетски поефикасен начин за прозводство на автомобили, базирано на т.н. „3D-печатење”.

3D печатење

-Поголемиот дел од вкупните емисии поврзани со автомобилите доаѓа од нивното произвоство и изработката на користените материјали во нив. Самата изработка на автомобилите е поголем проблем за природата отколку нивните емисии при експлоатацијата. Тој се концентрира на автомобилско производство базирано на 3D-печатени алуминиумски шасии врз основа на ласерски систем и врзувањето на елементи со карбонски структури. Така се создава модуларна шасија, слично на детската игра „конструктор“.

Според Divergent Blade, нивниот дизајн е 90% полесен од оној на класичен автомобил и бара многу помалку материјали и енергија за неговото создавање. Со користење на технологијата, според Divergent Blade пронаоѓачите, производствениот простор, времето на производство и инвестициите за работа со процесот драстично се намалуваат.

Истовремено, елиминирана е потребата за глобални концерни меѓу производителите. Револуционерниот метод на производство на Divergent доаѓа во време кога 3D печатењето постепено влегува во автомобилската индустрија. Минатата година Local Motors го испечати автомобилот од светска класа со отворена композитна структура наречен Strati.

Од Local Motors објаснија дека, додека нивниот претходен развој на Urbee имаше одделно отпечатени панели и делови, новиот Strati има целосно испечатен дизајн. Помалку од една година по неа видовме и целосно испечатен мини автомобил од Германци, реплика на Shelby Cobra. Овие возила се потпираат на мали и слаби електрични погони, додека онаа на Divergent оди доста подалеку со својата изведба.

Станува збор за суперкар, неговата моќност е 700 КС. Шасијата на Blade тежи само 46 kg, а целото тело со моторот тежи само 635 kg. Ова обезбедува релативна моќност од 1,1 КС за килограм тежина, која ја усогласува машината со модели како Koenigsegg One: 1 и Hennessey Venom F5. Со создавањето на Blade, Divergent се надева на развој на многу старт-ап компании.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=EmA_oNK294A

Ова ќе им овозможи да ги избегнат многу скапите технолошки бариери на традиционалното автомобилско производство и ќе им дозволи да се создададат иновитвни транспротни средства во сопствените микрофабрики. Според Divergent создавањето и работењето на традиционални фабрика за автомобили чини околу една милијарда, додека активирањето на микро-фабрика со капацитет од 10.000 автомобили годишно би чинела околу 20 милиони долари. Во исто време новата технологија овозможува да се прават подеднакво лесни пикапи и спортско купе со различни големини и стил.

Сепак, пред да се случи тоталната промена во производството на автомобили понудена од Divergent, комапнијата ќе треба доста да се потруди за да докаже дека конструкциите ги исполнуваат меѓународните стандарди за безопасност. Истоа така ќе треба да се докажуваат и тврдењата за висока финансиска корист од овој вид на производство.

Поврзани вести

Back to top button