Sauber „на крилата“ на Alfa Romeo
Новиот С37 на Sauber, со кој тимот ќе учествува во сезоната 2018 во F1, ќе мора да му помогне на тимот да се одлепи од дното и да се вклучи во битката за во средината на табелата за конструкторите
Ова го потенцира шефот на тимот, Фредерик Васиор, при претставувањето на новиот болид, кој повторно ќе биде управуван од мотор на Ferrari, но веќе верзија за 2018 година. Техничкиот директор на тимот, Јерг Цандер, истакна дека развојот на новиот болид е подреден на сосема поинаква филозофија за работата на аеродинамиката, а аналитичарите открија низа сличности со болидот на Ferrari од минатата година.
Екипата ја враќа во светскиот шампионат Alfa Romeo, односно италијанската марка е главен спонзор на тимот и доби правото да ги применува моторите на Скудерија. Маркус Ериксон останува во тимот, а другиот пилот е од шампионот Формула 2, Чарлс Лекелер, кој го предложи Ferrari.