Женева 2018: Премиера за Ferrari 488 PISTA
Ferrari ќе го воодушеви обожавателите на суперспортските автомобили со премиерата на целосно новата 488 PISTA за време на меѓународниот салон во Женева, кој започнува за неколку дена
За новиот автомобил од Ferrari коментираат дека се користени голем број на решенија во дизајнот, надградбата, технологии и инженерски решенија, во склад со стандардите кои ги бара шампионатот World Endurance Championship на Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA). За оваа цел на Ferrari 488 PISTA е имплементиарана е сериозно лесна конструкција со додатоци на композитни материјали и легури, за оптимизирање на истата со погонот, суспензијата и аеродинамиката.
Ferrari 488 PISTA е за 90 килограми полесен од 488 GTB, а моторот е со зголемени 50 коњски сили.
На овој начин, оваа верзија на 4.0 V8 мотор станува најмоќна во историјата на брендот, со максимална моќ од 720 коњски сили, а вртежниот момент изнесува 770 Nm. Новата 488 PISTA е со основни димензии: должина 4.605, ширина 1.975 и височина 1.206 милиметри. Вака спакуваната ѕверка е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 2.85 секунди и од 0 до 200 km/h за 7.6 секунди, а максималната брзината на автомобилот е над 340 km/h.