Lamborghini Urus SE е првиот plug-in хибриден супер SUV
Хибридниот погонски систем со битурбо V8 може да го „лансира“ најмоќниот SUV на Lamborghini до 100 км/ч за 3,4 секунди
Lamborghini ja воведува PHEV технологијата на единствениот автомобил во поставата што ја немаше оваа конверзија. Urus SE комбинира битурбо V8 мотор со внатрешно согорување кој располага со 620 КС и електричен мотор од 192 КС сместен во осумстепениот менувач.
Оваа комбинација достигнува 800 КС, што го прави SE најмоќниот Urus достапен и го катапултира теренецот до „стотка“ за 3,4 секунди, за десетинка побрзо од Urus S, но за исто толку побавно од Performante. Батеријата од 25,9 kWh овозможува опсег на движење од 60 километри.
Urus SE, исто така, воведува нова електрохидраулична спојка со повеќе плочи, која варирачки го распределува вртежниот момент помеѓу предната и задната оска. Lamborghini вели дека ова функционира во тандем со новиот виртуелен LSD во задниот дел за да се испорача подобра управливост. Со отфрлање на вистинскиот систем за механичко ограничено пролизгување, наводно се заштедуваат 20 килограми, иако хибридот од 2.540 кг сè уште тежи над 300 кг повеќе од нехибридниот Urus.
Како и да е, директорот на компанијата Lamborghini, Рувен Мор, изјави дека SE е подеднакво брз околу патеката како и помалку моќниот, но полесен Urus Performante кога е опремен со исти гуми.
Стилски промени
Ажурирањата на стилот вклучуваат нова хауба која сега се протега до ревидираната решетка, давајќи му Revuelto изглед, нови LED светла и редизајниран заден отвор со црн попречен пресек што ги поврзува задните светла што исто така обезбедува визуелна врска актуелните суперавтомобили на Lamborghini. Тркалата Galanthus се исто така нови, со големина од 23 инчи и се обвиткани во новите пневматици P Zero на Pirelli.
Во внатрешноста има поголем, 12,3-инчен инфозабавен екран, седиштата и контролните табли добиваат нови облоги, а Lamborghini вели дека ги променил материјалите на конзолата за да им даде на прекинувачите потактилно, механичко чувство.
Urus SE е вториот PHEV на Lamborghini, но како што велат, првиот супер SUV, кој доаѓа една година по суперавтомобилот V12 Revuelto, но нема да биде неговиот последен. Подоцна оваа година, производителот на автомобили ќе го претстави својот наследник на Huracan, кој исто така ќе има PHEV технологија, а до 2028 година линијата на три автомобили ќе се прошири на четири со пристигнувањето на првиот ЕВ на марката, кросоверот Lanzador. Набргу после тоа, Lamborghini ќе ја претстави втората генерација на Urus кој ќе биде достапен и со целосно електричен погон.