Во 2040 година на патиштата 320 милиони електромобили
Британската енергетска компанија British Petroleum објави своја прогноза за иднината на енергетската побарувачка, според која до 2040 година во светот ќе има близу 320 милиони електрични возила
Според податоците на BP, можно е побарувачката на нафта да продолжи да расте до 2035 година, по што драстично ќе се намали, поради зголемен интерес за електричните автомобили. Се претпоставува дека во истиот период во глобални рамки ќе има речиси 190 милиони електромобили. Пет години потоа, до 2040 се претпоставува дека вкупниот број на таков тип автомобили ќе биде околу 320 милиони.
Тоа би значело дека речиси 25% од сите продажби во светот ќе се должат на автомобилите на струја. Што се однесува до транспортните средства со бензински мотори, во иднина тие би требало да бидат 70% поекономични во однос на моделите од 2000 година.
Врз основа на овие податоци BP определува дека просечната потрошувачка на гориво ќе стане 3l/100 km, во споредба со сегашните 5l/100 km.
Британската компанија, исто така, предвиде дека по 20 години електромобилите ќе изминуваат околу 30% од вкупната годишна километража на сите возила на глобално рамниште. Врз основа на анализираните фактори Reuters заклучи дека исто до 2040 година побарувачката на нафтени горива ќе опадне од 18.7 милиони до 18.6 милиони барели на ден.