Во Лајпциг одложена одлуката за забрана на дизелите
Германскиот суд во Лајпциг ја одложи денешната одлука за забрана на сообраќање на дизел изведбите на возила во големите германски градови
Да потсетиме, расправата е околу одлуката која би влијаела на над 15 милиони дизелски возила кои би се „соочиле со забраната“!
Судијата Андреас Корбмахер изјави дека одлуката е одложена и германскиот управен суд ќе донесе одлука на 27 февруари. Имено тогаш Сојузниот управен суд во Лајпциг ќе донесе одлука дали се легални забраните кои ги донесоа некои локални судови кои ги бараше во своите обвиненија невладиното здружение за заштита на околината и потрошувачите DUH.„ Се е и натаму отворено, но ние и натаму сме оптимисти и покрај одлагањето“, истакна Јергер Реч од DUH.
На ова реагираше и канцеларката Ангела Меркер, која лобиташе против било каква забрана, бидејќи смета дека ова може да донесе до големо незадовоство кај граѓаните и значајно да го поремети секојдневното живеење во градовите.
Дизелските модели се најдоа на црната листа откако беше откриено дека Volkswagen лажел на тестовите во врска со емисија на штетните гасови.
Работите се влошуваат по обвиненијата на иста основа и за Mercedes-Benz и BMW, па се поголем бројот на европски метрополи кои донесуваат мерки против дизелите, па и германските. Ваква забрана сметаат експертите дека би била голем удар за германската автомобилска индустрија. Затао се поголем број производители се свртуваат кон производство на хибридни и електрични возила, а некои (како Porsche) дури најавија и елиминирање на дизелските мотори во целост во блиска иднина.
Доколку судот ја потврди забраната, таа ќе се однесува на дизелските модели произведени до 2014 година, кои задоволуваат Euro 5 норми. Дали се отвораат нови врати за земјите како нашата за да се стигне до некое „поевтино дизелче“?!