fbpx

Renault Rafale E-Tech 4×4 300 HP – PHEV и погон на сите тркала со Alpine шмек

Дополнителниот мотор на задната оска му дава на Rafale погон на сите тркала, Atelier Alpine верзијата добива Alpine адаптивна суспензија, а батеријата од 22 kWh овозможува електричен опсег од 100 километри

Alpine планира сопствен електричен кросовер, иако се уште нема споделено планови за истиот. Во меѓувреме, пристигнува нешто најблиску до такво нешто. Станува збор за Rafale E-Tech 4×4 300 HP, првата верзија со погон на сите тркала и воедно прва PHEV варијанта на купе SUV моделот на Renault. Поврзаноста со Alpine е во тоа што постои верзија Atelier Alpine, при што купувачите добиваат тјунинг на шасијата по теркот на A110.

Rafale беше претставен минатото лето, но единствениот модел достапен при лансирањето беше со погон на предните тркала, 1,2-литарски обичен хибрид, кој имаше 200 КС со помош на два електрични мотори: еден стартер генератор и втор , поголем мотор внатре во менувачот.

Додавањето на трет мотор кој произведува 136 КС на задната оска му дава способност за погон на сите тркала и вкупно 300 КС на располагање.

Од место до 100 километри на час Rafale E-Tech 4×4 300 HP забрзува за 6,4 секунди во споредба со хибридниот FWD на кого му се потребни 8,9 секунди, а батеријата од 22 kWH обезбедува електричен досег од 100 километри, а исто така придонесува за севкупен опсег на движење од 1.000 километри. Батеријата може да се наполни до 80 проценти за 130 минути или целосно да се ревитализира за 2 часа и 55 минути.

Atelier Alpine

Купувачите добиваат избор од две нивоа на опременост. Основните модели, со ознаката Esprit Alpine, добиваат голем број на Alpine стилски знаци со перформансна тематика, вклучувајќи брендирани патосници и тркала од 20 инчи, додека верзиите на Atelier Alpine имаат каросерија Satin Summit Blue, Starry Black лебдечки спојлер и 21-инчни тркала „Chicane“.

Renault Rafale E-Tech 4x4 300 HP

Но, Atelier Alpine дополнително добива адаптивен систем на потпирање која користи камера за да го скенира патот напред и да им каже на амортизерите за што да се подготват. Овие автомобили од врвна класа доаѓаат и со мени „Контрола на шасијата“ на инфозабавниот екран што може да се користи за префрлување помеѓу три поставки (Comfort, Dynamic и Sport) за да се дотераат амортизерите и аголот на управување на задните тркала.

Renault не ги откри цените за Rafale E-Tech 4×4 300 HP, но вели дека ќе биде достапен за купување во Европа оваа есен.

Поврзани вести

Back to top button