fbpx

Stellantis го лансира кинескиот Leapmotor во Европа со два модели

Првите возила од Leapmotor кои Stellantis треба да ги лансира до 2028 година ќе бидат пуштени во продажба во девет ЕУ земји овој септември

Ако не можете да ги победите, придружете им се. Или во овој случај, склучете соработка за партнерство и продавајте ги. Ова е пракично ставот на Stellantis, кој ги потврди плановите да започне со продажба на два кинески Leapmotor модели во Европа овој септември, со уште четири автомобили кои ќе се приклучат пред 2028 година.

Stellantis, како и сите западни производители на автомобили на масовниот пазар, се грижи за тоа како може да се натпреварува со кинеските брендови кои можат да произведуваат електрични возила за иста цена како автомобилите со согорување. Еден од начините на кои мисли дека може да се натпреварува е со продажба на кинески автомобили, па поради тоа плати 1,5 милијарди евра за 21 процент од акциите во Leapmotor минатата година.

Први на пазарот пристигнуваат електричниот градски автомобил T03 и електричниот SUV наречен C10. T03 е мал хечбек со четири врати, придвижуван од единечен електричен мотор кој произведува 100 КС и може да помине 265 километри помеѓу две полнења.

Се смета дека Stellantis ќе го произведува T03 во Полска, но C10 ќе биде испорачан директно од Кина. C10 е веројатно најважниот од двата нови ЕВ поради конкуренцијата (Tesla Model Y пред се), и покрај тоа што се бележи забавување на побарувачката за електрични автомобили.

C10 нема да се натпреварува директно со Model Y, но може да се покаже примамлив за купувачите на кои им се допаѓа идејата за Tesla, но не можат да си ја дозволат цената. Има пет седишта, има 231 КС и наводно може да помине 420 километри со едно полнење. Тоа не е водечко во класата, но може да биде доволно ако цената е соодветна.

Франција, Италија, Германија, Холандија, Шпанија, Португалија, Белгија, Грција и Романија се првите кои ќе ги добијат Leapmotor автомобилите, почнувајќи од овој септември. Потоа во последниот квартал од годината, Stellantis ќе го лансира брендот на Блискиот Исток, Африка, Индија, Азија Пацифик и Јужна Америка.

Поврзани вести

Back to top button