fbpx

Кинез „си купи“ речиси 10% од Daimler

Ли Шуфу, претседател и главен акционер на кинескиот автомобилски гигант Geely, веќе поседува 9,56% од акциите на Daimler, потврди германската компанија

Цената на акциите изнесува скоро 9 милијарди долари.

Со овој договор, Шуфу стана најголем единствен акционер во компанијата. Пакетот на акциите на Ли Шуфу беше собран во последниве недели со серија на купувања на хартии од вредност, со конечна цел да се откупи дел од нешто помалку од 10 отсто. Факт е дека Geely минатата година му понуди сојуз на Daimler, на поле за развој на електромобилна технологија и копродукцијата.

ШуфуВо ноември, извори од компанијата изјавија за Ројтерс дека шефот на Daimler ја одбил понудата на Geely за размена на акции, при што кинезите сакаат да се здобијат со 5 отсто од германската компанија. Во тоа време Daimler одлучи дека компанијата нема да издаде нови акции за да не ја намали вредноста на постојните.

Според портпаролката на Daimler, купувањето на пакет на акции е приватна инвестиција од Ли Шуфу, а не од Geely. Досега најголем единствен акционер во германскиот гигант беше Кувајтскиот државен инвестициски фонд со 6,8%. Под капа на Geely се Volvo Cars и Geely Automobile. Во декември, Geely инвестираше 3,9 милијарди долари за да стане најголем акционер во Volvo AB, вториот по големина светски производител на камиони.

Покрај тоа, Geely ја контролира британската спортска компанија Lotus од минатата година, како и Manganese Bronze Holding, брендот кој ги произведува такси возилата во Лондон. Следниот потег на Geely се очекува да биде лансирањето на европскиот луксузен бренд Lynk & Co, кој беше претставен на кинескиот пазар минатата година.

Поврзани вести

Back to top button