fbpx

Автоматски снежни синџири

Едвај има возач кој умее и ужива во поставување на синџири за снег

Постапката е досадна, комплексна и обично се наметнува во тешки, понекогаш дури и опасни услови. Затоа, отсекогаш се барало поедноставно и поефикасно решение за оваа постапка!? Откако има автомобили, стотици пронаоѓачи направиле напори за развој на систем кој ќе обезбеди подобар контакт на синџирите со подлогата, како и можноста да нема проблеми при нивно монтирање на гумите.

синџириНа 17 август 1915 година, Вилијам Путман добил сертиофикат за патентот „уред за заштита од пролизгување”. Системот е ротирачки барабан заеднос со гумата на која се прикачени синџирите. Со текот на годините пронајдокот е унапреден и почнува да се користи масовно, релативно многу подоцна, дури кон крајот на 70-тите години на минатиот век во Скандинавија. Заслугата е на Швеѓанецот Горан Творнебек, кој го адаптира системот за камион за испорака на млеко и постепено почнува бизнис со автоматски синџири, кој се шири и во Северна Америка.

Денес постојат неколку производители на автоматски снежни синџири.

Повеќето од нив нудат системи за одделни модели на камиони, автобуси и пикапи. Заедничко за сите нив е принципот на ротирачкиот барабан со синџири, кои се насочуваат на гумата преку пневматски или хидрауличен цилиндар за синхронизација на брзината на ротација.

Современите автоматски синџири, кои се направени врз база на оваа идеја, но се разбира усовршени до највисоко рамниште, се активираат со копче на контролната табла. Дизајнирани се да се активираат при брзина до 50 km/h и нудат гаранција од околу 3.000 km. За нив не е потребно комплицирано одржување или посебна опрема за инсталација.

Поврзани вести

Back to top button