Сitroen го менува името Piсasso
Француската компанија најави дека во иднина ќе го отстрани името Piсasso од неговите миниванови
Сега тие ќе се викаат SpaceTourer, истакнуваат во изднието на Auto Express.
На автосалонот во Женева, кој ги отвора врати по неколку дена, ќе бидат прикажани Citroen C4 Picasso и Citroen Grand C4 Picasso со новите имиња – C4 SpaceTourer и Grand C4 SpaceTourer. Според една од верзиите, компанијата одлучила да го промени името за да ги унифицира ознаката на сите миниванови и комбиња, кои ќе имаат индекс SpaceTourer. Ова име се користи за микробусот, што францускиот гигант го произведува од 2016 година.
Друга претпоставка е дека тоа се прави поради модернизацијата на миниваните, кои во иднина ќе претрпат повеќе модификации. Меѓу новините се некои нови технологии, подобрени мотори и наместо 6-брзински автоматски пристигнува 8-степениот автоматски менувач на јапонската компанија Aisin. Третата верзија е фактот дека автомобилскиот производител не успеал да се договори со роднините на Пабло Пикасо за продолжување на договорот за користење на името на познатиот уметник, што е и некако најблиска до вистината?!
За прв пат компанијата го користи името на Шпанецот од 1999 година, кога на пазарот се појави Citroen Xsara Picasso – еден од првите компактни комбиња во светот. Моделот се произведуваше до 2012 година. Во 2006 година пристигна Citroen C4 Picasso и неговата продолжена верзија Grand C4 Picasso. Во 2008 година блесна и Citroen C3 Picasso, кој сега е замент со компактниот кросовер C3 Aircross.