Карлос Гон дозволи фузија под шапката на Renault-Nissan-Mitsubishi
Големиот шеф на Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, Карлос Гон, истакна дека е можно да има спојувања на одделни марки под капата на концернот, но појасни дека тоа нема да биде цел на менаџментот на компанијата
“Да, зошто да не!“ – одговори Гон на прашање на BFM Business дали се можни спојувања, за да се засили алијансата. „Но, тоа нема да биде наша цел”.
Тој не спомена во своите коментари имиња на компании и слично и апострофираше дека пред алијанаста Renault-Nissan-Mitsubishi претстои забрзување на процесот на „концентрација и кохезија” на можностите и моќност на трите компании.
Тоа е примарен дел од планот на групата Renault за намалување на трошоците и зголемување на профитот. Овие мерки главно ќе влијаат на работата со добавувачите на материјали и опрема, инженерскиот развој на индивидуалните модели и нивното производство.
Алијансата ја заврши 2017 година како најголем производител на автомобили во светот, откако постигна продажба од над 10,6 милиони автомобили и го надмина од првото место Volkswagen Group.