fbpx

Женева 2018: Ford KA+ Active-нешто сосема ново!

На штандот на Ford една од новините во женева е моделот Ford KA+ Active, кој донесува нови стандарди за возилата од неговата класа и треба да биде новиот адут на Синиот овал во овој сегмент

Новата верзија KA+ Active на компактниот модел на Ford доаѓа со клиренс од 23 mm, специфични екстериерни елементи, дополнително калибрирана суспензија, 15-инчни алуминиумски тркала, како и повисоко стандардна опрема. Со просторен ентериер и капацитет за петмина, новите KA + и KA+ Active ќе предложат и збогатена стандардна и дополнителна опрема, а меѓу главните акценти се интегрирање на инфо-комуникациски и мултимедијални систем SYNC 3, бришачи со сензор за дожд, автоматски фарови и друго.

1 | KA+ Active
2 | KA+ Active
3 | KA+ Active
4 | KA+ Active

    Силен акцент на штандот на Ford во Женевскиот салон е целосно реновираното семејство Tourneo.

    Новото портфолио вклучува пет-вратно Tourneo Courier, со пет и седум седишта, Tourneo Connect и Tourneo Custom со конфигурација од осум / девет седишта. Автомобилите, чии први испораки се очекуваат до средината на оваа година, имаат модифициран и подобрен надворешен и внатрешен дизајн, нови напредни технологии и високо-технолошки мотори.

    Ford Tourneo Custom ќе се нуди со дволитарскиот EcoBlue дизел мотор во јачина верзии 105, 130 и 170 коњски сили, а нивото на опрема Titanium X и Sport ќе се нудат со воздушен задна суспензија. Опремата на автомобилот исто така вклучува комплетно нови седишта со подобрен комфорт, нова табла со инструменти и прекинувачи, а на повисоките нивоа на опремата ќе има пливачки 8-инчен централен екран осетлив на допир.

    Поврзани вести

    Back to top button