fbpx

Женева 2018: Kia Ceed – 600-литарски багажник и два нови мотори

Kia ја претстави следната генерација на Ceed во Женева, а најголемо внимание повлече изведбата Sportswagon, која ќе понуди багажник од 600 литри

Моделот порасна во големина во споредба со неговиот претходник. Должината му е 4.600 mm (со 95 mm повеќе), широчината – 1.800 (+20 mm), а висината – 1.465 (-20 mm). Растојанието помеѓу двете оски останува непроменето – 2.650 mm. Багажникот добива дополнителни 72 и веќе има 600 литри зафатнина. Палетата енергетски агрегати на караванот се состои од надграден 3-цилиндерски турбо мотор 1.0 T-GDI (120 КС), потоа 1.4-литарски T-GDI (140 КС) и 1.4 атмосферски со 100 КС .

Ceed

Има и дизел – 1.6-литарски, кој развива 115 или 136 КС. Трансмисијата е преку 6-брзински мануелен, за 1.4-литарскиот турбомотор, а ќе се нуди и 7-степен роботизиран менувач со две спојки. Во листата на опрема на караванската Kia Ceed влегуваат мултимедијален систем со пет, седум или осум инчен екран, грејачи за ветробранското стакло, индикациска оптика, аудио JBL, како и електронски систем за избор на функциите.

Моделот ќе има уште со автоматско менување на долгото светло на фаровите, систем за одржување на лентата на движење, функција за контрола на состојбата на возачот, системот за спречување на фронтален судир, систем за препознавање на пешаците, а исто така и адаптивен круз-контрол.

Производството на Kia Ceed вагон ќе биде лансирано во август во фабриката на компанијата во Словачка. Продажбата на европскиот пазар започнува во септември.

Поврзани вести

Back to top button