fbpx

Michelin е најценет производител на гуми во светот

Според новите вредности на Brand Finance, со 7,93 милијарди долари, Michelin е највредниот производител на гуми во светот

Во првите три влегуваат, минатогодишниот лидер Bridgestone со оценка од 6.992 и Continental со 4.756 милијарди долари, кој го задржа рејтингот од 2017 година. Во Топ 10 на највредните прозводители на гуми во светот влегуваат Goodyear (2.175 милијарди долари), Dunlop (1.984 милијарди), Hankook (1.590 милијарди), Pirelli (1.524 милијарди), Maxxis (900 милиони), Yokohama (838 милиони) и Sumitomo Tire (601 милиони).

Michelin

Michelin Tire

Од Brand Financeсе посочуваат дека треба да се обрне внимание на кинеските производители на гуми, кои навистина земаат голем замав, иако во моментов во Топ 10 присутен е само Maxxis на осмо место. Од агенцијата предвидуваат дека трите најголеми кинески производители- Linglong Tire, Sailun Jinyu и Changchun Faway, би требало да најдат место во неа во текот на следната година. Според студијата, највредното автомобилско претпријатие во светот е Mercedes-Benz.

Поврзани вести

Back to top button