Шардон од VW се враќа во Citroen како нов извршен директор

Гзавие Шардон е именуван за нов извршен директор на Citroën, со мандат од 2 јуни 2025, по заминувањето на Тјери Коскас од Stellantis

Нова промена во менаџментот на Citroën, со оглед на тоа дека од 2 јуни 2025 година, Гзавие Шардон официјално ја презема улогата на извршен директор на Citroën, потврди Stellantis, матичната компанија на францускиот бренд. Тој ќе биде директно одговорен на Жан-Филип Импарато, главен оперативен директор за проширена Европа во Stellantis.

Повратник со богато искуство

Шардон не е непознато име за Citroën. Тој ја започна својата кариера во PSA групацијата во 1994 година, токму во Citroën, каде што ја градел кариерата низ различни европски пазари, вклучувајќи Италија, Данска и Германија. Од 2007 до 2009 година, тој беше директор за маркетинг, медиуми и односи со јавноста, а потоа стана и генерален директор на Citroën Франција до 2011 година.

Од Volkswagen назад во Citroën

Во 2012 година, Шардон се приклучи на Volkswagen Group, каде што извршуваше високи менаџерски функции, вклучително и потпретседател за продажба во Европа и подоцна потпретседател за маркетинг и корисници на брендот Volkswagen. Од 2017 до 2018 година, тој раководеше со дигитализациските проекти на Volkswagen во Кина, а потоа стана потпретседател за продажба и маркетинг во заедничката компанија SAIC-Volkswagen. Во 2021 година се врати во Франција како претседател на управниот одбор на Volkswagen Group France.

Ново лидерство во клучен момент

Назначувањето на Шардон доаѓа во турбулентен период за автомобилската индустрија. Stellantis сè уште го бара својот нов главен извршен директор по ненадејното заминување на Карлос Таварес во декември, што следеше по драматичен пад на продажбата и профитот.

Шардон ќе го наследи Тјери Коскас, кој беше на чело на Citroën од 2023 година. Според Stellantis, Коскас ќе ја напушти групацијата по завршување на транзицијата.

Фокус на новите модели и раст

Како дел од својата нова улога, Гзавие Шардон ќе има задача да ја продолжи експанзијата на Citroën, особено со новите генерации на C3, C3 Aircross и целосно новиот C5 Aircross. Неговото искуство во продажбата, маркетингот и меѓународните пазари се очекува да донесе нов импулс во позиционирањето на брендот на глобалниот пазар.

Поврзани вести

Back to top button