fbpx

Три цилиндри и 200 коњски за новата Fiesta ST

Синиот овал оваа пролет ќе ги израдува фановите на хот-хеч моделите со новата генерација на популарниот модел Fiesta ST, кој доби интересни додатоци за повеќе задоволство зад воланот

Спортскиот модел е управуван од 1.5-литарскиот EcoBoost бензински мотор со моќност од 200 коњски сили. Тоа е и најмоќната варијанта на 3-цилиндарскиот мотор, а даунсајзинг односот на претходната генерација е многи поскромен – 1 цилиндар и 0,1 литри работна зафатнина помалку. Турбо-моторот обезбедува и 290 Nm вртежен момент,, а забрзувањето од 0 до 100 km/h e за 6,5 секунди. Максималната брзина на новата Fiesta ST е 232 km/h, помалку од Renault Clio RS и Mini JCW.

Како новини ќе се нудат функцијата за ланч контрола, за максимално ефикасно поаѓање од место, а исто така за доплата клиентите ќе можат да порачаат и диференцијал со ограничено лизгање, кој обезбедува стабилно и очекувано однесување на предницата во свиоци. Fiesta ST ќе дава можност за избор на три режими на работа на возилото: Normal, Sport и Track, а тие ќе зависат од промените: од реакција на педалот за гас, како и управувањето и работењето на електронските системи за безбедност.

Ford Fiesta ST
1 | Fiesta ST
2 | Fiesta ST
3 | Fiesta ST

    Поврзани вести

    Back to top button