fbpx

Subaru е подготвен со новиот Forester

Јапонскиот производител Subaru ја најави претстојната премиера на новата, петта генерација на кросоверот Forester

Таа ќе се одржи на салонот во Њујорк, кој започнува кон крајот на месецов.

Во пресрет на презентацијата на популарниот модел, компанијата покажа фотка на задниот дел на автомобилот. Се очекува дизајнот да биде речиси идентичен на концептот VIZIV Future, прикажан во есента 2015 година на автомобилскиот салон во Токио. Други детали за кросоверот не се пријавени, но се знае дека тој е изграден на платформата Subaru Global Platform, која Јапонците ја користат и за последните генерации на моделите Impreza и XV.

Според информациите, Subaru Forester ќе добие целосно нови турбодвигатели тип боксер со зафатнина од 1.6 и 2.0 литри. Исто така, ќе има хибридна модификација. Менувачите ќе бидат механички со 6 брзини, како и варијатор. Кросоверот исто така ќе го користи системот со четири тркала Symetrical AWD.

Поврзани вести

Back to top button