Stellantis размислува да го продаде Maserati – Крај на италијанската икона?

Stellantis размислува продажба на Maserati поради големите загуби, прашањето е дали луксузниот бренд ќе добие нов сопственик и нова иднина

Некои членови на управниот одбор на Stellantis разгледуваат продажба на Maserati, луксузниот бренд кој во 2023 година продаде само 11.300 возила и загуби 260 милиони евра. Консултантската компанија McKinsey, ангажирана од Stellantis во април, веќе анализира потенцијална продажба, според информации добиени од Reuters.

Иако Stellantis официјално ги демантира овие тврдења, падот на профитот за 70% во 2024 и недостигот на нови модели ја ставаат иднината на Maserati под знак прашалник. Некои членови на одборот сметаат дека брендот не може да се рехабилитира, додека други веруваат дека Maserati сè уште има вредност – особено како единствен вистински луксузен бренд во портфолиото на Stellantis.

Потенцијални купувачи? Кинеските производители би можеле да бидат заинтересирани поради престижното име на Maserati, иако некои модели како Ghibli му наштетија на угледот. Доколку биде продаден, Maserati може да се репозиционира како конкурент на Bentley, но тоа би барало сериозни инвестиции и редефинирање на брендот.

Прашањето останува: дали Stellantis треба да го задржи Maserati и да се обиде да го ревитализира, или да го продаде и да се фокусира на поконкурентни брендови во своето портфолио?

Поврзани вести

Back to top button