Првиот кросовер на Lotus ќе користи платформа од Volvo
Lotus ќе го надгради својот прв кросовер на платформа на Volvo. Ова го соопшти Autocar, цитирајќи го Жан-Марк Жале, главен извршен директор на британската компанија.
– Нашиот кросовер едноставно мора да понуди управливост и возни својства што нема друг автомобил во класата. Ако не можеме да го постигнеме тоа, подобро е веднаш да се откажеме од проектот, рече Жале. Затоа Lotus ќе ја преземе модуларната платформа SPA, која се користи во моделите на Volvo, XC40, XC60 и XC90. Ова ќе му овозможи на нашиот кросовер да биде лесен – неговата тежина ќе биде под 2 тони.
Иако нема сеуште потврда за ова, се претпоставува дека агрегатската гама ќе се состои од 4-цилиндерски турбо мотори, а според зборовите на Жале треба да се очекува и хибридна модификација, која исто така е планирана да биде преземена од XC90, која комбинира бензински и електричен мотор за да развие 407 КС. Новиот кросовер ќе се составува во Кина, со оглед на тоа што Lotus е во сопственост на Geely, а верзијата за Европа ќе биде составувана во Велика Британија.