fbpx

Audi R8 добива мотор од Panamera

Компанијата Audi ќе ја опреми својата супер изведба R8 со нов 2.9-литарски бензински V6 мотор кој ќе се вградува на основната верзија на моделот

Оваа модификација ќе биде со заден пренос и ќе биде претставена за време на автосалонот во Њујорк на крајот од месецов. Моторот беше развиен од Porsche за моделот Panamera 4S, каде што развива 440 КС и 550 Nm. Истиот мотор се користи во изведбите Audi RS 5 Coupe и RS4 Avant, но моќноста е 450 КС и 600 Nm. За новиот Audi R8, единицата ќе развива најмалку 500 КС.

R8

Audi R8

Според информациите, моторот овозможува уште поголема моќ, но нема потреба, бидејќи во моментов основната верзија на Audi R8 се потпира на 5.2-литарски V10 со 540 КС и 540 Nm. Значи, една од двете модификации ќе биде вишок. Минатата есен Audi додаде уште една верзија на својот модел R8 V10 RWS. Таа е само со заден пренос (за разлика од стандардната R8 V10) и ќе биде произведена во серија од 999 примероци.

Поврзани вести

Back to top button