Фетел и Ferrari ги шокира Хамилтон и Mercedes
Себастијан Фетел на Ferrari на Гран-при на Австралија успеа да го надмудри Mercedes и нивната ѕвезда, актуелниот шампион Луис Хамилтон
Поради се чини грешка на тимот Британецот пропушти победа на почетокот на сезоната и остана на второ место, а трет беше Кими Раиконен, кој го надополни успехот на Ferrari.
Новиот шампионат во Formula 1 за 2018 година започна со битката за првата Гран при, на патеката во Мелбурн, во Австралија Гран При. Mercedes и Луис Хамилтон, кој ќе ја брани титулата од минатата година, почнаа без триумф, иако беа големи фаворити, посебно по обезбедената пол позиција на Британецот во квалификациите. Стратегијата на Мercedes се покажа послаба и некако без директна битка, Фетел успеа преку боксовите да стигне до првиот триумф годинава.
На почетокот, Хамилтон успеа да тргне силовито и не им даде шанса на неговите конкуренти да го нападнат. Зад него, двата црвени болиди на Кими и Себ ги задржаа своите позиции. Макс Верстапен изненадувачки не успеа да ги нападне возачите на Скудерија, дури и ја изгуби својата четврта позиција по нападот на Кевин Магнусен од Haas. Во шестиот круг, новиот возач на Willimas, Сергеј Сирокин, ја напушти трката. Веднаш по него во боксот се прибра Маркус Ериксон, кој исто така го заврши прерано учеството во трката, поради проблем со новиот болид на Sauber. Во 10-тиот круг, Раиконен не можеше да се држи до болидот на Хамилтон и веќе беше четири секунди зад Британецот. Ова му даде можност на Фетел да се доближи до Кими и да го подготви својот напад. Круг подоцна Верстапен направи груба грешка во обидот да го стигне Ериксон, се сврте и беше поминат од тројца свои ривали. Холанѓанецот падна на осма позиција, но тој мора да биде среќен што не се откажа од трката.
Во 20-от круг, финскиот пилот на Ferrari, Раиконен влезе прв од лидерите во бокс. Тој беше проследен од Хамилтон, кој заедно со неговиот тим одлучи ја да ја следат стратегијата на Кими. Ова го остави Фетел на првата позиција на патеката пред првиот влез за замена на гуми. Во 24-тата рунда за жал, Кевин Магнусен и Haas се елиминирани од австралиската ГП. Кевин направи исклучително добар почеток во трката и се држеше на четвртата позиција до елиминацијата и едноставно почувствува дека ќе успее да освои сериозен број на поени. По ова во аут за жал се најде и другиот возач на Haas, Роман Грожан. Штетата во моторот на неговиот болид ги принуди организаторите да го активираат виртуелниот безбедносен автомобил.
Лидерот Фетел влезе за промена на гумите. Германецот е врати на патеката пред Хамилтон и го задржа водството. Во 48-от круг Хамилтон го намали водството на Фетел на само половина секунда и го подготвуваше својот напад за прво место. Груба грешка го повлече Луис од совршената линија, на Британецот му се блокира предната десна гума и на тој начин изгуби две секунди. Во овие моменти Рикардо се обиде да го притисне Раиконен во борба за третата позиција, но за жал не успеа.
До крајот, Фетел покажа добра концентрираност и не направи ни минимална грешка. Така, стратегиската грешка на Луис и неговиот тим и проблемите на вториот пилот Валтери Ботас му дозволи на Ferrari да ја започне новата сезона со двоен подиум.