Новиот Renault Clio и Peugeot 208 во Париз
Автомобилскиот салон во Париз, во почетокот на октомври најавува исклучително интересни француски премиери
Две од нив ќе се и директни пазарни конкуренти, односно ќе ги видиме новите генерации на популарните Renault Clio и Peugeot 208. Според германското списание AutoBild, основни акценти кај новото Clio ќе се економичните мотори и удобноста, а возилото ќе биде базирано на модернизирана верзија на актуелната платформа CMF-B, со што ќе се намалат трошоците за развој на моделот.
Се очекува во моторната гама на Clio да се појави 1.3-литарски бензински турбо мотор, кој е развиен во соработка со Mercedes и кој веќе се користи како кај новата А-класа,така и при обновениот SUV, моделот Kadjar. Веќе се појавија и гласини дека Renault може да лансира и хибридна верзија на Clio во Париз, но тоа сеуште не е потврдено.
Што се однесува до 208, новиот модел на Peugeot ќе биде поставен на нова платформа- CMP, а тоа ќе придонесе автомобилот да биде доста полесен од својот претходник. Тоа значи помала потрошувачка на гориво и помали емисии. Првите снимки направени на тестирањата покажуваат дека новиот 208 ќе е малку поголем и со подолго меѓуоскино растојание, што пак ќе обезбеди повеќе простор за патниците. За новината се подготвуваат неколку агрегатски новитети, како и голем број нови технологии.