На пикник со освежената верзија на Isuzu D-Max
Со учество на повеќе верзии со различно ниво на опрема од актуелната генерација на пикапот на Isuzu, како и два сосема нови од освежената изведба, македонскиот импортер Аутомакедонија реализира несекојдневна презентација на најновото остварување на јапонскиот гигант
Со учество на повеќе верзии со различно ниво на опрема од актуелната генерација на пикапот на Isuzu, како и два сосема нови од освежената изведба, македонскиот импортер Аутомакедонија реализира несекојдневна презентација на најновото остварување на јапонскиот гигант.
Ниту надвиснатите црни облаци „полни со дожд“, ни силниот ветар, не ги сопре над 20-тина модели, што од досегашната, како и од обновената верзија на Isuzu D-Max, да се упатат кон Јасен, каде нашиот домаќин Аутомакедонија, импортерот за програмата на јапонскиот производител, замислил да се реализира главниот дел од презентацијата на освежената верзија на ова најново остварување.
Не велат џабе дека храбрите ги прати среќата, иако во текот на патувањето до Јасен постојано врнеше, кога пристигнавме на крајната дестинација дождовните облаци заминаа, а и ветарот дуваше со многу помал интезитет. Тоа им овозможи на сите на определената делница, комбинација на офроуд и асфалт, да ги пробаат двете подготвени верзии од страна на Аутомакедонија. Обновената верзија на Isuzu D-Max пристигна во салоните на македонскиот импортер со посвеж изглед , ентериер и ревидиран турбо дизел мотор.
Станува збор за 1.9-литарски мотор на Isuzu кој пристигнува и со модифицирани шест-брзински мануелен и со исто толку степени автоматски менувач. Надворешни стилистички промени за D-Max вклучуваат поголема предна маска, нов дизајн на фаровите со LED дневни светла, нови браници и рестилизирани алуминиумски тркала. Промените во внатрешноста вклучуваат нов дисплеј инструмент, подобра ткаенина на седиштата и панелите на вратите и навалена под агол положба на седиштето назад во моделите со двојна кабина.
Hill системите за помагање при управување на нагорнина и надолнина веќе се стандард, заедно со безклучен пристап и стартување, карактеристични за повисока класа на модели. – Ова е носечкиот модел во гамата на Isuzu, која е навистина голема, за кој постои голем интерес на македонскиот пазар.
Освежената верзија на D-Max донесува неколку новини, кои секако ќе ги освојат дополнително клиентите и се надеваме дека ќе го најде патот до повеќемина од нив. Ние имаме силен адут во овој сегмент и затоа најавуваме уште посиловит настап на македонскиот пазар, истакна комерцијалниот директор на Аутомакедонија – Зоран Дочински, пред присутните на овој настан, кои навистина уживаа во целост во т.н. „Isuzu D-Max пикник“.