Rolls-Royce со ограничена серија на Wrait
Британската компанија Rolls-Royce објави дека ќе произведува ограничена серија на Wrait
Од верзијата Luminary Collection ќе бидат составени само 55 единици.
Автомобилот е во боја Sunburst Grey, надополнета со контрастни линии од Saddlery Tan на каросеријата и тркалата. Колоритната разиграност е дизајнирана така за да се создадат асоцијации на бои на небото пред изгрејсонце или зајдисонце, соопшти компанијата. Покрај тоа, предните браници имаат стилизирана слика на сонцето.
Во внатрешноста доминираат дабови елементи, а дури 176 LED диоди се вградени во дрвените панели. Во тапацирот на таванот се интегрирани уште 1.340 светлосни оптички состави. Седиштата на првиот ред се тапацирани во портокалова кожа, а за задните клиентот може да избира црна или посветла кожа. Карактеристика на Rolls-Royce Wraith Luminary Collection е декорациите на внатрешните џебови на вратите и централниот потпирач за раце од посебна текстура, исткаена од тенки нишки на нерѓосувачки челик со дијаметар 0,08-0,19 mm.
Во технички поглед овa специјалno купе не се разликува од основната Rolls-Royce Wraith. Моторот е 6,6-литарски V12 со моќност од 630 коњски сили и 8-степен автоматски менувач. За Велика Британија, цената на ограничената верзија се очекува да биде многу поголема од онаа на „обичниот” Wraith, ќе почнува од 240.000 фунти.