Audi ја подготвува премиера за SQ2
Audi ги комплетира тестирањата за „набилданиот“ кросовер SQ2
Премиерата на автомобилот најверојатно ќе се одржи на автосалонот во Пекинг кон крајот на април, тврди весникот Motor1, кој објавува и фотка од на тест прототипот на моделот.
Продажбата на компактниот кросовер Audi Q2 во Европа започнаа уште во средината на 2016 година. Две години подоцна на пазарот се појави и неговата топ-верзија SQ2, чиј прототип беше снимен на тестовите. Отсуството на камуфлажа на тест изведбата е главниот доказ дека премиерата на автомобилот ќе е наскоро.
Судејќи според фотката, новиот Audi SQ2 ќе изгледа како S-Line стандарден модел. Единственото што покажува дека ова е помоќен автомобил е парот цевки на системот за издувни гасови. Според првичните податоци, SQ2 ќе го добие моторот на Audi S3. Тоа е 2.0-литарски бензински мотор кој развива 300 КС и максимален вртежен момент од 380 Nm. Не е исклучено, сепак за кросоверот овој мотор да биде дефорсиран. Сеуште нема други информации за моделот.