Mercedes со пакет нови технологии
Германскиот производител на автомобили Mercedes покажа видео како пакет на најнови технологии преминуваат од развоен пат кај прототипите до сериските модели
Петто место во рангирањето е за системот car-to-x, а ќе биде тестиран на Mercedes F 125. Со оваа опција, автомобилот ќе биде интегриран во интернет мрежата. Ова ќе овозможи размена на пораки со други учесници во сообраќајот, со центрите за регулирање на истиот, за можни несреќи на патот итн. Четврто место на листата е за технологијата проѕирно стакло, монтирано на покривот на Mercedes F 200.
Врз него е нанесен посебен слој од течни кристали. Кога се напојува со струја, покривот станува матен. Третото место е за специјалната инфрацрвена светлина инсталирана на Mercedes F 500. Благодарение на која, автомобилот има можност за ноќно гледање. Втората позиција ја зазема пред-безбедносниот систем. Тој е концептиран да ги предупреди опасностите зад себе и да ги блокира сопирачките пред удар.
Лидер кај новите технологии на Mercedes е системот за контрола на крстарење Cruise Control Distronic Plus, кој за првпат беше прикажан во прототипот F 800. Радарот и сетот од стерео камери му овозможува на автомобилот да држи безбедно растојание и брзина за време на возењето.