fbpx

McLaren подарува „непроценлива” статуетка со секој GT

McLaren ќе му подари на секој сопственик на новиот хипер модел на компанијата –GT, колекционерска статуетка која го носи името Speed Form

„Формата на брзината” нема да се продава одделно, односно од британската компанија ја дефинираат како „непроценлива” и појаснија дека ќе бидат произведени точно 106 примероци, колку што изнесува и серијата на моделот GT. Инаку, вредно е да се истакне зошто е статуетката непроценлива! За нејзина изработка ќе бидат потребни 100 часа и дополнителни 30 за рачно полирање. Практично оваа статуетка е копија на ентериерот на GT, во кој возачот зазема централната позиција.

1 | статуетка
2 | статуетка
3 | статуетка
4 | статуетка

    McLaren GT ќе биде дел од гамата на компанијата, каде влегуваат хибридниот P1 и купе изведбата Senna. Новиот модел ќе биде со хибриден систем со моќ од над 1.000 коњски сили. Од McLaren веќе изјавија дека GT ќе биде наследник на култниот F1 од средината на 90-тите години и сличностите во статусот на двата автомобила стануваат се повеќе.

    Сите 106 единици на новиот GT се веќе продадени, а цената на секој автомобил е 1,6 милиони фунти.

    Поврзани вести

    Back to top button