fbpx

FCA: Magneti Marelli самостојна компанија

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) соопшти дека кон крајот на годинава или на почетокот на следната ќе го издвои производителот на делови Magneti Marelli во самостојна фирма

Како што се наведува во соопштението на италијанско-американскиот гигант, со раздвојувањето од матичната компанија, се очекува FCA да ја зголеми вредноста на своите акции, додека Magneti Marelli би добила оперативна флексибилност, неопходна за стратешки раст во наредните неколку години.

Magneti Marelli
Директорот на FCA, Серџо Маркионе, потенцира дека овој потез би и овозможил на FCA да се фокусира на развој на своите клучни производи и да ја засили својата капитална позиција.

Тој напомена дека ова е дел од клучниот план во кои беше посочен целиот процес, односно раздвојувањето на овие две компании е закажано за во јуни.

Секако, за раздвојувањето потврда треба да дадат и регулаторните тела и Фиатовиот управен одбор.

По ова се очекува веднаш акциите на Magneti Marelli да бидат понудени на берзата во Милано.

Magneti Marelli

Јужнокорејскиот Samsung Electronics уште во 2016 година даде понуда за Magneti Marelli, но преговорите не беа успешни, бидејки азијците беа заинтересирани само за дел од работењето на Италијанците. Се проценува дека Magneti Marelli е вреден околу пет милијарди долари, вклучувајки ги и долговите.

Magneti Marelli

Поврзани вести

Back to top button