Chevrolet го покажа Camaro 2019
Chevrolet ги објави првите официјални информации, фотографии и видеа од верзијата на 2019 година на легендарниот Camaro
Автомобилот доаѓа со сериозно променет дизајн, со импресивна нова предница, технологии и верзија Turbo 1LE.
Основни акценти кај Camaro 2019 се воведувањето на десетстепен автоматски менувач со функции за рачно менување со лостови зад управувачот и оптимално поаѓање од место, нов инфо-забавен систем, неколку асист- состави за зголемување на активната безбедност, вклучувајќи ги оние за известување при опасност од предната страна, РС пакет, задни LED светла, 20-инчни RS и SS тркала …
Новата верзија Camaro Turbo 1LE доаѓа со шест-брзински мануелен менувач и 2.0-литарски турбоагрегат кој генерира максимална моќност од 275 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm. Новата модификација е опремена со оптимизирана и покрута суспензија, 20-инчни фелни, систем за сопирање од Brembo, нов режим на однесување Track Mode, можност за нарачување на спортски седишта Recaro, ретровизор со камера и други елементи.