Škoda создаде SUV-кабриолет, но за жал тоа е само концепт
SUV и кросовер автомобилите се најбрзо растечки сегменти на автомобилскиот пазар во моментот
Интересот за нив е толку висок што производителите се прашуваат како да измислуваат нови и нови под-класи, за да нудат дополнителни производи на клиентите. Nissan Murano CrossCabriolet, Range Rover Evoque Convertible, VW T-Roc Convertible – ова се моделите кои може да се присоединат кон овој сегмент. Првиот од нив веќе не се продава, вториот е релативно нов на пазарот, а третиот – допрва треба да излезе.
Сега Škoda исто така, одлучи да му покаже на светот дека може да создаде сличен автомобил, но тоа ќе остане само дизајнерска студиа. Машината е базирана на серискиот Karoq, дизајниран и имплементиран од учениците од 17 до 20 години. Засега производот не е во финалниот изглед, како не може да се каже дали тој ќе добие метален или ткаен покрив.