fbpx

Се менуваат европските закони поради Дизелгејт

Европската унија планира промени во законодавството, кои ќе им овозможи на корисниците да ги обвинат полесно компаниите од кои биле оштетени

Планот за промена на легислативата во Унијата доби на интензитет по глобалниот скандал Дизелгејт, во кои беше откриено дека Volkswagen пласирал милиони автомобили со дизел мотори опремени со софтвер кој дава лажни податоци при проверка на нивото на штетните гасови. Со промените клиентите на такви компании ќе можат полесно да се здружуваат при поднесувањето на групни барања за да стане „кршењето на правилата скапо задоволство”, изјавија од групата која ги подготвува законските измени.

Европската унија призна дека иако VW беше фатен дека лажел за нивото на штетните емисии кои се испуштаат од нивните дизел во САД, во Европа практично немаше законски решенија, со кои ќе се натера компанијата да им компензира на сопствениците на вакви автомобили.

Само две програми за заштита на потрошувачите, кои дејствуваат во Европа, воведоа казни за Volkswagen, кои сепак се покажаа „смешни“ во финансиската димензија на скандалот. Имено, санкциите во Европа за Volkswagen се во вредност од едвај 6,7 милиони долари, проценуваат американските медиуми.

Новите правила нема да се применуваат само за автомобилските компании, велат од тимот што ги подготвува.

Поврзани вести

Back to top button